Подгответе се за шок: Еве какво образование имаат Новак и Јелена Ѓоковиќ

Непропорционално пропорционални

Образованието на славниот тенисер и неговата сопруга ја заинтригира јавноста.

Новак Ѓоковиќ имаше само седум години кога децидно изјави дека сака да биде најдобриот тенисер на светот. Тој работеше напорно на тоа, па училиштето му остана во втор план.

Сепак, основното училиште Бора Станковиќ го заврши во белградската населба Бањица, а паралелно со Тениската академија на Никола Пилиќ, како тинејџер одеше и во Спортската гимназија.

Меѓутоа, јасно било дека Ноле не може да заврши средно образование како што тоа го прават другите ученици. Поради обврските и патувањата на турнири, тој бил „посебен случај“ и доаѓал на школо само кога требало да полага.

Но, во истата институција ја запознал и љубовта на својот живот во 2005 година.

По основното училиште „Дринка Павловиќ“ во центарот на Белград, Јелена Ристиќ, која сериозно се занимавала со атлетика, образовниот пат го продолжила во Спортската гимназија. Подоцна се запишала на Бокони во Милано, еден од најдобрите приватни колеџи во Италија, каде што студирала „бизнис-администрација“, а потоа магистрирала.

Бидејќи тоа не ѝ било доволно, земајќи предвид дека неколку пати има изјавено дека никогаш нема доволно знаење и образование, во 2011 година го одбранила докторатот на тема „Лукс-менаџмент и услуги“ на Меѓународниот универзитет во Монако.

Благодарение на сите овие дипломи, Јелена Ѓоковиќ денес одлично раководи со Фондацијата што ја основа со нејзиниот сопруг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.