Додека едни го јадат, Данијела Мартиновиќ го мачка на лице: Ова е тајната на нејзиниот младешки изглед

А цената му е „ситница“

Лицето на популарната пејачка блеска благодарение на оваа состојка.

Пејачката Данијела Мартиновиќ минатата година го прослави својот јубилеен педесетти роденден, но на нејзиното лице не постојат брчки што би го докажале тоа.

Без разлика дали се работи за скапи третмани, ботокс или добра генетика, жените од целиот регион се интересираат која е тајната на нејзиниот младешки изглед.

Многу сум дисциплинирана кога е во прашање негата на лицето и секогаш ми претставува мал ритуал. Кога станува збор за домашната нега, кавијарот ми е омилен поради неговите високо нутритивни состојки. Кавијарот е најсилен во обновувањето на кожата и во спречувањето на брчките“ – откри Данијела.

Даниела е, инаку, амбасадорка на луксузна француска козметичка линија, која како состојка во своите производи го користи познатиот кавијар „Белуга“, чија цена се движи и до 36.000 евра. За кремот со кавијар потребно е да се издвојат околу 390 евра.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.