По веста дека се разведува со Северина, Игор Којиќ со оваа фотографија се огласи на Инстаграм (ФОТО)

Насмеан од уво до уво

Игор Којиќ „осамна“ на Инстаграм по подолга пауза. Имено, тој на својот инстаграм-профил објави фотографија на која го гледаме насмеан и расположен, па многумина коментираат дека разделбата со сопругата Северина и не му паднала многу тешко.

Имено, Игор е кај своите во Белград, каде што се повлече на самиот старт на пандемијата на коронавирусот, а првите месеци друштво му правеше и поп-пејачката, која подоцна демонстративно го напушти Белград.

Некои велат дека причината биле нетрпеливост и расправија со свекорот Драган Којиќ Кеба и свекрвата Оља, во чија куќа престојуваше, а се’ погласни се и оние што тврдат дека таа веќе поднела и документи за развод на бракот.

Судејќи по фотографијата, која Којиќ јуниор ја објави на Инстаграм, тој ужива во дружбата со кучето Ѓуро, а таа со пријателките, а по повод гласините дека се разведуваат, се’ уште се немаат огласено…

 

 

View this post on Instagram

 

Gjura 🐶

A post shared by Igor Kojić (@igorkojic) on

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.