Ева Лонгорија: „Се чувствувам фит!“ (ФОТО)

А и изгледа така!

Ѕвездата на „Очајни домаќинки“, Ева Лонгорија (45), тренираше напорно последните месеци за време на карантинот, па се пофали со одличен резултат.

Имено, убавата актерка за време на бременоста доби вишок килограми, а сега успеа да се врати на старо во рекордно време и да покаже дека е повторно во топ-форма.

Иако се породи пред две години, кога го роди својот син Сантијаго, Ева не се обиде да ги изгуби дополнителните килограми за кратко време, но карантинот одлично ѝ дојде да има доволно време за да се посвети и себеси, па вежбаше во импровизирана сала, во гаражата и во дворот.

 

 

View this post on Instagram

 

Mommy why you upside down?? #BabySanti

A post shared by Eva Longoria Baston (@evalongoria) on

Се чувствувам фит“, напиша актерката на една од фотографиите објавени на својот инстаграм-профил, на која позира во жолт комплет од хеланки и спортски градник, а нејзината пријателка Викторија Бекам ѝ порача: Изгледаш прекрасно! Те сакам“.

 

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.