По сите бродоломи: Анџелина Џоли засекогаш го остава Бред Пит и заминува од Холивуд

Доста ѝ е од се'!

Таблоидот Female First тврди дека на славната актерка Анџелина Џоли ѝ е смачено од Холивуд и од турблентниот однос со поранешниот сопруг Бред Пит и сака децата да ги одгледува во поздраво и побезбедно опкружување, па затоа се сели во Лондон. Моментално разгледува недвижнини во западниот дел на градот, а интересно е тоа што таа и Бред живееја тамуво 2011 година.

Одлуката на Анџелина засекогаш да се пресели во Европа ѝ е дамнешна желба, која е една од главните причини за расправиите што актерката ги имаше со бившиот сопруг, особено во текот на бракоразводната парница, која трае веќе четири години. Тој инсистирал таа и децата да останат да живеат во САД барем додека сите нивни деца станат полнолетни, но очигледно Анџелина веќе нема трпение и не може да чека.

Потсетуваме, Анџелина и Бред беа во врска од 2005 до 2014 година, а потоа стапија во брак кој траеше само две години. И покрај тоа, тие спаѓаат во еден од најдолговечните парови во Холивуд бидејќи нивниот љубовен однос траеше 11 години. Двојката има шест деца.

Фото: Getty Images
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.