По разводот со Игор Којиќ, Северина снимена во Црна Гора во друштво на мускулест господин (ФОТО)

Мускулите не лажат!

Пејачката им се „пофали“ на следбениците со згодниот продуцент

Северина и Игор Којиќ ги потпишаа документите за развод на 6-годишниот брак на 19 август годинава, а мастилото се’ уште не се исуши на нив, а тие веќе тргнаа секој по својот пат.

Судејќи по социјалните мрежи, пејачката одлучи да направи пауза од се’, па моментално ужива во заслужениот одмор.

На својот профил на Инстаграм, убавата сплиќанка сега објави фотографија на која позира со својот продуцент Филип Милетиќ, и заработи голем број комплименти од верните обожаватели за сметка на неговото извајано торзо.

Мојот продуцент е подобар од твојот, бидејќи хитовите не лажат“, напиша Северина во описот на фотографијата на која и двајцата позираат во костим за капење.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Инаку, „навежбаната“ двојка во моментов ужива во Црна Гора, и судејќи по насмевката на нејзиното лице, пејачката добро закрепнува од пропаѓањето на бракот.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.