Тажна вест: Внукот на Шерон Стоун ја загуби битката со болеста
Трагедија
На момченцето ненадејно му откажале органите
Шерон Стоун ја сподели тажната вест на својот инстаграм-профил дека нејзиниот едногодишен внук Ривер Вилијам Стоун починал во болницата.
Популарната актерка објави неколку снимки од малото момче, во чиј опис го наведе датумот на раѓање и на смртта.
8 септември 2020 година – 30 август 2021 година.“
View this post on Instagram
Пред неколку дена, актерката објави дека нејзиниот внук паднал во кома откако му откажале органите. На фотографијата што ја објави, може да се види момчето кое лежи на болничкиот кревет, интубирано и опкружено со жици.
Мојот внук и кумче Ривер денеска беше пронајден во својата лулка откако органите целосно му откажаа. Молете се за него. Потребно ни е чудо“, напиша Шерон во описот на објавената фотографија.
View this post on Instagram
Ривер им е син на братот на Шерон, Патрик, и неговата сопруга Таша.
Фото и видео: Инстаграм