Перо Антиќ во првите редови на настапот на Цеца во Скопје: Кошаркарот се дружел во бекстејџ со пејачката! (ФОТО)

Jа избрал најубавата маса во дискотеката

Како што знаете, во саботата во еден познат клуб во Скопје настапи Цеца Ражнатовиќ и направи атмосфера за паметење.

А очигледно ноќ за паметење била и за поранешниот кошаркар, Перо Антиќ.

Имено, како што ни изјави нашиот извор, Перо инсистирал да ја има најубавата и најпрегледна маса во дискотеката. Тој стоел на вториот кат и буквално бил на неколку метри од пејачката.

Да, Перо беше на најубавото место и беше доста расположен. Мислам дека не тргна поглед од Цеца, а како што можев да видам, и Цеца „фрлаше“ поглед накај него одвреме навреме – ни изјави изворот и додава:

На претпоследната песна, Перо се симна од вториот кат и отиде на масата која беше за тимот на Цеца. Кога заврши настапот, таа се упати зад сцената, а во исто време тргна и Перо заедно со стилистот на Цеца и плус уште неколку луѓе и заедно влегоа во просторијата во која беше пејачката – дополни нашиот извор кој од разбирливи причини сакаше да остане анонимен.

Во какви односи е Перо со Цеца, не знаеме, дали се тоа пријателски или повеќе од пријателски, ќе покаже времето.

Текст: Н. Човиновска

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.