„Имај милост, ова ме убива!“: Сопругот ја изневери со најдобрата пријателка, а таа се омажи со сопругот на бившата другарка

Ова е најшокантниот љубовен четириаголник, а деталите се сурови.

Пејачката Шанаја Твејн била изневерена од поранешниот сопруг и нејзината најдобра пријателка, а потоа, благодарение на таа прељуба, ја нашла љубовта на својот живот.

Неодамна во подкаст откри дека нејзиниот поранешен сопруг Роберт Ланг, со кој беше во брак од 1993 до 2010 година, ја изневерил со нејзината тогашна најдобра пријателка Мари-Ен Тибу и дека тие двајца сè уште се во врска.

Пејачката раскина со Роберт во 2008 година, а две години подоцна нивниот брак завршил. Дека сопругот ѝ е неверен и дека ја изневерува со нејзината најдобра пријателка дознала откако тој ѝ побарал развод.

Имав напад на паника. Само му кажав дека е лоша личност, само тоа можев да кажам, изјави Шанаја.

Мари-Ен Тибу работела како асистентка на Роберт Ланге. Пејачката целосно ѝ верувала. Сознанието дека нејзиниот сопруг и пријателката ја изневериле ѝ било многу тешко да го поднесе.

Бев подготвена да умрам, напиша таа во своите мемоари „From This Moment On“, каде што откри дека едвај може да јаде или спие и дека ја мачи вртоглавица.

Во момент на очај, таа ѝ напишала мејл на поранешна пријателка и ја молела да раскине со нејзиниот сопруг.

Умирам и не можам веќе да издржам. Ова ме убива. Имајте милост, пишувало во мејлот.

Иако ја молела, Мари Ен не ѝ одговарала. Шанаја напоменала дека пред разводот на својата поранешна пријателка ѝ рекла дека се сомнева дека сопругот ја изневерува. Таа ја уверувала дека нема причина за тоа.

Кога ја прашала дали можеби му е љубовница на нејзиниот сопруг, таа ѝ одговорила:

Не ми се верува дека мислиш дека кријам нешто од тебе.

За откривањето на прељубата придонел и поранешниот сопруг на Мари-Ен, Федерик Тибу, кој во куферите на неговата тогашна сопруга, која често сама одела на патувања, пронашол сомнителни сметки од хотел, подвезици и провокативни алишта.

Бев згрозена од фактот дека желбата на друга жена да има подобар живот го уништи моето семејство, напишала Шанаја Твејн во книгата.

Предавството на поранешните партнери ги спои Шанаја Твејн и Федерико Тибу, кои се венчале во 2011 година во Порторико и сега се во среќен брак.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fred Thiébaud (@fred_thiebaud)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.