Прогласена е за највкусната чоколадна торта на светот: Кралицата на сите десерти се прави лесно, а вкусот вечно се памети!

Пробајте!

Ако сте се запрашале како се приготвува највкусната торта на светот – еве го рецептот

Чоколадната торта приготвена според следниов рецепт пред неколку години била прогласена за највкусната на светот, а потекнува од Аргентина. Се приготвува лесно, но затоа вкусот не се заборава.

Состојки:
  • 150 г крем-сирење
  • 30 г или 2 лажици павлака
  • 230 г чоколадни бисквити
  • 1 шолја инстант-кафе
  • 30 г црно чоколадо
  • 200 г кондензирано млеко
Приготвување:

Во голем сад ставете крем-сирење и кондензирано млеко, користете миксер додека смесата стане воздушеста. Додајте павлака во смесата и продолжете да мешате. Состојките би требало да се соединат во светла карамел-боја без грутки. Слободно пробајте ја за да видите дали ви одговара јачината на вкусот.

Сварете една шолја инстант-кафе и сипете ја во плиток сад. Чоколадните бисквити еден по еден потопувајте ги во кафе, но внимавајте да не ги задржувате многу во него за да не се распаднат.

Во садот каде што ќе го правите колачот поставете хартија за печење. Почнете да ги редите чоколадните бисквити на хартијата еден по еден, веројатно ќе мора да скршите по некое парче за да добиете правилна геометриска форма што ја покрива целата површина на дното.

Со лажица земете малку од смесата и рамномерно распоредете ја преку бисквитите, така што ќе бидат целосно покриени. Врз тоа оди уште еден слој бисквити, а врз нив смесата. Продолжете со додавање слоеви додека завршите со целата количина смеса и бисквити.

Тортата би требало да има најмалку четири слоја што завршуваат со смеса. За украсување, стопете половина црно чоколадо и рамномерно распоредете го, а половина здробете го преку тортата.

Покријте ја со пластична фолија и ставете ја во фрижидер да се стегне најмалку четири часа. Колку повеќе ќе ја оставите да се лади толку повкусна ќе биде тортата.

Највкусната торта со ореви и чоколадо по рецепт на нашите баби: Толку е вкусна што нема да застанете на едно парче!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.