Пејачката целосно гола ја напуштила својата роденденска забава: Го сокрила лицето, но на сите им ги покажала градите

Не престанува да шокира

Доџа Кет ја шокирала јавноста кога по прославата за нејзиниот роденден се појавила во црна наметка под која не носела ништо

Пејачката Доџа Кет направила забава по повод својот 27 роденден, а темата, секако, била маскенбал.

Во таа пригода пејачката носела црна долга наметка на себе и венецијанска маска, но кога излегла по забавата и седнала на задното седиште од својот автомобил, наметката се отворила и сите можеле да видат дека Доџа не носи апсолутно ништо одоздола!

Под венецијанската маска, лицето на Доџа било обоено во бело со внимателно исцртани црвени усни, додека очите и’ биле исцртани со црно моливче.

Пејачката која неодамна ја избричила главата, во оваа пригода носела перика со долга портокалова коса.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Doja Cat (@dojacat)

Познато е дека на нејзината разуздана забава дошле Кендал Џенер, Хејли Бибер и други познати личности.

Инаку, Доџа Кет е позната по тоа што успешно му одолева на трендот на разубавување по хируршки пат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Doja Cat (@dojacat)

„Постојат некои мали работи што би ги поправила на себе – имам размислувано за екстензии на трепките. Сигурно не би ги коригирала усните, носот или градите, само некои ситни корекции“, рекла Доџа во 2018 година на таа тема.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.