Брижит Макрон во стајлинг што урбаните дами го обожаваат: Ја облекла најмодерната комбинација, а изборот на обувки променил сѐ!

Многу шик

Брижит Макрон покажала на дело како може феноменално да се усогласат костимот и патиките

Првата дама на Франција, Брижит Макрон, покажала зошто заслужено се наоѓа на листата на најдобро облечени жени на светот! Ненападните, но ефектни стајлинзи се нејзиниот заштитен знак од кој никогаш не отстапува. Многу често е инспирација и за други дами, кога станува збор за вистинскиот избор на гардероба.

Со сопругот Емануел моментално е на службена посета на Италија, па ја искористиле можноста да го посетат познатиот колосеум во паузата од бројните деловни состаноци. За таа пригода, кралицата на минимализмот одлучила да облече класичен тегет костим и интересна кошула со карнери.

Меѓутоа, полн погодок направила со изборот на обувки, кој му дал потполно поинаква нота на целиот стајлинг. Имено, таа одбрала многу популарен модел на бели патики со дебел ѓон, кои ја направиле модната комбинација многу полежерна, но сепак во склад со нејзината функција и со настанот.

Тука е и задолжителниот моден детаљ кога станува збор за оваа славна 69-годишна дама – црни скапоцени очила за сонце, додека целиот стајлинг го заокружила со кожена торба со средна големина во истата боја како и костимот, која се носи преку раменици. Нема сомнеж дека Брижит Макрон блеснала во италијанската престолнина.

Многу често, во вакво издание можеме да ги видиме и припадничките на понежниот пол на скопските улици, зар не?

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.