Папараци тајно ја фотографирале Моника Белучи: Погледнете како се однесува кога мисли дека никој не ја гледа!

Неверојатно

Додека уживала во чаша бело вино, Моника Белучи не се ни сомневала дека папараците ја фотографираат

Моника Белучи (57) важи за личност која ужива во животот со полни гради. Таа не дозволува озборувањата да ја допрат, да ѝ ја отрујат душата и да ѝ предизвикаат брчки на лицето.

Периодов е во Шпанија каде што ги поминува деновите во добро друштво и во чаша бело вино.

Облечена во црна, проѕирна блуза и широко цветно здолниште, Моника изгледа опуштено и, што е најважно – задоволно.

„Што ќе правам кога ќе остарам и кога мојата слика во огледалото повеќе нема да ме радува? Истото што го правеше и мајка ми. Нема да се гледам себеси во огледало, ќе гледам во моите деца“, рекла Моника еднаш, а жените ширум светот ја дочекаа оваа нејзина изрека со овации.

Токму во согласност со таа изрека, Моника не дозволува натписите за помладата жена на поранешниот сопруг да ѝ го нарушат мирот. Таа го користи најдоброто од животот.

„Не треба да ги мразите луѓето што ви завидуваат, тие така ви признаваат дека сте подобри“, е еден од нејзините познати цитати, а ние можеме само да се согласиме со неа и да ѝ завидуваме поради мирот со кој зрачи.

Не влегува во вежбалница и со години не го менува истото мени: Вака Моника Белучи ја одржува линијата!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.