Крцкав тост со ладна бурата и малку топли печени домати е одличен избор за појадок, но и за вечера е вистинско уживање. Додадете го свежото масло од лук и малку босилек и не заборавајте дека одлично оди со чаша бело вино.
Рецепт
Состојки:
1 големо парче леб
10 чери домати
2 лажици екстра ладно маслиново масло
2 чешниња лук
2 лажици песто босилек
75 грама бурата
морска сол
свеж црн бибер
свеж босилек за украсување
View this post on Instagram
Подготовка:
Испечете ги шери доматите. Ставете ги во мал сад за печење со 2 лажици екстра ладно маслиново масло, две мелени чешниња лук и малку морска сол, како и бибер. Печете на 165 степени околу 15 минути, па оставате на страна.
Го печете лебот на скара. Намачкајте го леб со екстра ладно маслиново масло и испечете ги во рерна или на нелепливо тавче додека не дојдат на изглед по ваш вкус.
Врз тостот намачкајте го пестото, ставете го бурата сирењето и печените шери домати. Искористете го малку од маслото со лук, прелиете одозгора и завршете со малку морска сол, свежо мелен бибер и свежи листови босилек.
Коментарите се заклучени.