Чувајте го лукот на овој начин и рокот на траење ќе му се продолжи и до 6 месеци

Храна

Експертите за храна откриваат важна тајна. Лукот е состојка која често ја користиме во кујната.

Некогаш се случува да го купиме во поголеми количини, токму поради честата употреба и по некое време да се расипе. За да го избегнете ова сценарио, следете го советот од експертите за храна.

Тие откриваат како лукот може да издржи и до 6 месеци без да се расипува. На овој начин ќе му го продолжите животот, а ќе биде свеж како првиот ден кога сте го купиле.

Кога купувате лук во продавница, тоа е всушност сушен лук. Може да трае од 5 до 6 месеци доколку правилно го чувате. Во тоа ќе ви помогне лушпата на лукот, бидејќи самиот тој ја штити неговата внатрешност, па ако сакате лукот да трае што подолго, не го отстранувајте.

Чувајте го во форма во која сте го купиле. Не ги раздвојувајте, бидејќи на овој начин му го намалувате рокот на траење. Ако ја излупите, ќе се расипе за само неколку дена.

Треба да се чува на суво и ладно место, подалеку од влага. Можете да го чувате и во фрижидер, но внимавајте да биде во делот каде што има најмала влажност.

Можете да го скиселите или замрзнете ако го имате во големи количини, но направете го тоа пред да омекне.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.