Не влегува во вежбалница и со години не го менува истото мени: Вака Моника Белучи ја одржува линијата!

Дознајте повеќе

Како се храни Моника Белучи и кои намирници се забранети, дознајте во продолжение

Убавата Италијанка Моника Белучи признава дека не е љубител на вежбањето и дека обожава добра храна, но кога случајно ќе претера со вкусните јадења, воведува седумдневен план на исхрана. На тој начин го прочистува телото од насобраните токсини, го забрзува метаболизмот и си ја враќа посакуваната телесна градба.

Исхраната на Моника Белучи е оптимална, бидејќи содржи доволна количина на овошје и зеленчук, богата е со витамини, микроелементи и влакна. Со оглед на тоа што користи мед, не чувствува потреба за благо. Сите јадења се приготвуваат многу едноставно, што е совршено за оние кои имаат малку слободно време.

Прв ден

Појадок: 150 мл природен и незасладен јогурт со парчиња јаболка

Ручек: 200 г варено јунешко месо, 200 г салата со 1 лажиче маслиново масло, парче пченкарен леб

Вечера: чинија свежи јагоди, 150 г ориз со едно лажиче маслиново масло и 50 г рендано сирење, 150 г салата

Втор ден

Појадок: шолја кафе без шеќер, тост и лажица зрнесто овошје или овошен џем

Ручек: омлет од 3 јајца, 2 мали варени тиквички, парче интегрален леб

Вечера: 150 г варено немасно месо, салата

Трети ден

Појадок: шолја зелен чај (со лимон), тост со мед, грејпфрут

Ручек: 200 г варен или печен компир со магдонос или мирудија, 100 г немасно сирење

Вечера: 170 г шпагети со маслиново масло

Четврти ден

Појадок: незасладен немасен јогурт со 2 лажички мед, 40 г сирење

Ручек: 100 г ориз, 100 г варени тиквички, 100 г варено јунешко

Вечера: чинија кое било овошје, 200 г варена немасна риба, салата со маслиново масло, парче леб, овошје

Петти ден

Појадок: чаша свежо цеден сок, два солени крекера

Ручек: 100 г шпагети, зелена салата со маслиново масло, портокал или грозје

Вечера: 250 г салата од зеленчук со малку грав, овошје

За крај, треба само да повторите кој било од претходните денови за преостанатите денови од менито.

Моника Белучи: „Како што телото оди надолу, душата расте“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.