„Паднаа“ Фејсбук, Инстаграм и Вацап: Податоците на 1,5 милијарди корисници се продаваат на хакерски форуми

Драматично

Зад падот на популарните социјални мрежи наводно стојат хакери, пренесува Sputnjiknews.

Голем број корисници на Инстаграм, Вацап и Фејсбук моментално имаат проблем со овие популарни апликации.

Изгледа дека Инстаграм „паднал“ затоа што голем број луѓе не можат да ја користат апликацијата. Неколку корисници на Твитер пријавија дека апликацијата не работи правилно. 

Од Фејсбук се огласија на социјалната мрежа Твитер.

Свесни сме дека некои луѓе имаат проблем со пристапот кон нашите апликации и производи. Работиме на тоа работите да се вратат во нормала и се извинуваме поради непријатноста“, стои во објавата.

Приватните лични податоци на 1,5 милијарди корисници на Фејсбук наводно се продаваат на популарни хакерски форуми.

Кон крајот на септември на хакерскиот форум е објавено соопштение во кое се тврди дека имаат име, мејл, број на телефонот, локација, пол и кориснички профил на 1,5 милијарди корисници.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.