Како да е холивудска ѕвезда: Куќата на Карлеуша од 2,5 милиони има 2 базени, лифт и 5 тоалети (ФОТО)

Еве како изгледа

Јелена Карлеуша ужива во раскошна вила на Дедиње, која неодамна ја реновира по свој вкус, па сега изгледа како дом на холивудска ѕвезда.

Имено, популарната пејачка се удоми со семејството во куќата што таа и нејзиниот сопруг Душко Тошиќ ја купија од Драган Стојковиќ Пикси во 2018 година и ја платија 2,5 милиони евра.

Како што пишуваа српските медиуми, луксузната недвижнина има два базена (внатрешен и надворешен), две гаражи, огромен двор, кој е заштитен со високи ѕидини. А посебно место е предвидено за нејзиниот раскошен гардеробер.

Камерите што се поставени му овозможуваат прватност, но и безбедност на семејството.

Во куќата се наоѓаат 5 тоалети, лифт, а како што може да се види на фотографиите што ги објавува Карлеуша на Инстагам, се’ е уредено со вкус и по јивна желба.

Jelena Karleuša
ФОТО: PRITNSCREEN

Инаку, нејзината колешка Вики Миљковиќ работеше на уредувањето на куќата на Карлеуша, така што сега се’ изгледа отмено, но и модерно. Конечниот дизајн го надополнија архитекти од Турција, а секој детаљ е внимателно избран.

Jelena Karleuša
ФОТО: PRINTSCREEN INSTAGRAM

На некои од фотографиите можат да се видат делови од куќата, па на тој начин обожавателите ги воодушевува со ентериерот.

Jelena Karleuša
ФОТО: ДАМИР ДЕРВИШАГИЌ

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.