Овде се сокриле Меган Маркл и принц Хари: Божиќ од бајките!

Ги виделе на западниот брег на Канада

Фото: Getty Images

Додека сите ги критикуваат, тие максимално уживаат

Војводата од Сасекс принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл ја прекршиле долгогодишната традиција кога одлучиле Божиќ да не го поминат со кралското семејство, туку да одат на одмор со својот син Арчи.

Иако се шпекулирало дека божиќните празници ќе ги поминат со мајката на Меган, Дорија Рагланд, парот сепак одлучил овие денови да ги искористи за апсолутна приватност, па никому не откриле каде точно ќе го поминат шестнеделниот одмор.

Но острото око на папараците ги забележале членовите на обезбедувањето на Меган, кои не се одвојуваат од неа, и тоа на островот Ванкувер, на западниот брег на Канада.

Било фотографирано и местото на кое кралскиот брачен пар одлучил да вечера – ресторан како од бајките, целосно накитен и инспириран од празничната еуфорија која моментално владее низ целиот свет.

Ви се допаѓа местото на кое Меган и Хари одлучиле да ги поминат празниците?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.