Мајката на Кејт и Пипа Мидлтон во костим за капење: И на 64 години им е опасна конкуренција на ќерките

Воодушевила!

Уште еден пример дека може добро да се изгледа и во 60-тите години

Пипа Мидлтон и нејзиниот сопруг Џејмс Метјуз традиционално прославиле Божиќ на море, на островот Свети Бартоломеј на Карибите.

Оваа година друштво им правел и едногодишниот син Артур, а со нив дошла и Керол Мидлтон, мајката на Пипа и британската војвотка Кејт Мидлтон.

Папараците ги забележале додека уживале во авантурите на плажа и во вода, а штом се прошириле фотографиите на Интернет, сите почнале да коментираат едно нешто: како Керол изгледа одлично на 64 години!

https://www.instagram.com/p/B6mCjLnHHe-/

Имено, бабата Керол весело трчала по внукот Артур во црно-бело бикини, кое ја открило нејзината одлична фигура и затегната кожа, што се должи на повеќе децении посветеност на здравиот живот и вежбањето.

И додека многумина коментирале како Керол им е сериозна конкуренција на своите ќерки кога станува збор за изгледот, иако ја гази седмата деценија од животот, други истакнале дека невозможно е да изгледа подобро од Пипа и Кејт, но и дека Керол е одличен пример за тоа како може жената да изгледа феноменално во своите шеесетти години.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.