Оваа жена поминала низ вистински пекол: Сопругот ѝ ги отсекол двете раце поради љубомора, но таа не се предала – еве како живее денес!

Храбра жена

Маргарита има силна порака за сите

По овој случај, жените во Русија се побуниле и побарале построги казни за семејно насилство.

Кога ќе го погледнете насмеаното лице на убавата Маргарита Грачева (28), тешко би помислиле дека оваа храбра жена поминала низ вистински пекол во животот, а во еден момент и се борела за својот живот.

Едната нејзина рака е бионичка, другата е покриена со лузни, а оваа храбра жена повторно е среќна во брак со личност што никогаш не би ја повредила и која нејзините деца ја доживуваат како татко.

Имено, во 2017 година, ужасна вест го потресла целиот свет. Во наплив на љубомора, маж со секира ѝ ги отсекол дланките на својата сопруга. Тој 11 декември, сопругот на Маргарита, Дмитри, ѝ понудил да ја префрли до работа, но наместо тоа ја одвезол во спротивна насока, кон шумата.

Го паркирал автомобилот, ја одвлекол од седиштето, земал секира од багажникот и ѝ ги отсекол двете дланки, а потоа ја оставил на влез од болница и отишол во полиција да го пријави криминалот.

Причината за овој морничав криминал биле неговите сомнежи дека го изневерува, а Дмитри по ова добил затворска казна од 14 години.

Тие се запознале уште во училиште и иако биле среќни, Маргарита признава дека често знаел да избувне поради ситници. Кризата започнала кога таа почнала да работи. Бил љубоморен на нејзините колеги, а кога му спомнала развод, тој се разгневил и ѝ се заканил дека ќе ја убие.

Случајот го пријавувала неколку пати во полиција, но немало реакција. Пет дена пред да се случи оваа несреќа, нејзините обвинувања биле отфрлени како неосновани.

Докторите дале сѐ од себе и успеале да ѝ ја спасат едната рака, додека на другата има протеза.

Потоа, Маргарита поднела барање за развод и напишала книга „Среќна без рака“ во која им се обратила на сите жени што минуваат низ семејно насилство и ги поттикнала да побегнат од тој однос.

Како што вели, не посакувала да стане славна туку да им помогне на сите што се наоѓаат во слична ситуација.

Делумно успеала да ги врати функциите на пришиената рака.

„Кога луѓето ќе ја видат протезата, ме гледаат како суперхерој, а кога ќе ме видат без дланка, ме сожалуваат. Мислам дека претеруваат и во едниот и во другиот случај, а со овие фотографии сакав да покажам дека нема никаква разлика кај мене со рака и без рака“, рекла таа тогаш.

„Жените често ме прашуваат како да се заштитат од насилен партнер и како да бидат сигурни дека партнерот не е насилен. Немам одговор на тоа прашање. Личноста може да се промени во секунда. Моето искуство мене не ме наведе да кренам раце од љубовта. Мора да верувате во добрите работи“, вели Маргарита.

Таа повторно е во среќен брак, а вели дека внимателно го одбрала сопругот. Прво биле пријатели, додека се навикнала на него.

„Трпеливо ме чекаше, не ме чекаше и не бараше да ја дефинираме врската. Верувам дека затоа и успеавме. Моите два сина одлично се согласуваат со него“, вели Маргарита.

Таа открила и дека нејзините синови не знаат ништо за тоа дека нивниот татко ѝ ги отсекол рацете на мајка им.

„Знаат само дека е во затвор и тоа е тоа. Не го сметаат за татко“, вели таа.

Заедно и во добро и во зло: Приказната на Гере и Симона ќе ви ја врати вербата во љубовта!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.