Ова лето температурите ќе бидат пеколни, но еве зошто тоа се добри вести

Американските научници од Националната управа за океани и атмосфера NOAA објавија дека постои дури 75 отсто шанса 2020 година да биде најтоплата година на планетата Земја во историјата на мерењето на температурата.

На ова укажува и податокот дека првите три месеци од годината биле потопли само во 2016 година, кога беше забележан феноменот наречен „Ел Нињо”, кој со загревањето на Пацификот влијае на глобалниот температурен просек. 

„Ел Нињо” оваа година не е толку силен, а февруари и март сепак биле најтопли во историјата, се наведува во истражувањето.

Научниците предупредуваат дека долгорочниот тренд на загревање е последица на емисија на гасови со ефект на стаклена градина поради согорувањето на фосилните горива и дека, дури и да не биде најтопла, 2020 речиси сигурно ќе биде помеѓу петте најтопли години досега.

Ова може да бидат и добри вести, ако го земеме предвид фактот дека прелиминарните резултати од експериментите спроведени во американската државна лабораторија покажуваат дека коронавирусот не може долго да преживее на високи температури и во сезони на висока влажност, како и дека брзо го уништува сончевата светлина.

Фото: Твитер

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.