Сè е поинаку во бајките! Лагите го скратуваат носот, тврдат научниците

Каков нос имаат луѓето околу вас?

Вашиот во кои влегува…

Треба ли да му се верува на истражувањето на шпанските научници кои велат дека лажењето го скратува носот…

Кога некој лаже, носот не му расте, туку се скратува, затоа што се лади. Така тврдат шпанските научници, кои дизајнирале детектор за лаги врз основа на температурата на лицето, кој, како што пренесува „Мирор“, има 10 отсто поголема стапка на точност од класичниот полиграф.

Во текот на истражувањето, психолозите користеле специјални уреди за да ги забележат промените на температурата на делови од лицето на учениците кои учествувале во експериментот. Изведувале најразлични задачи, а некои од нив морале и „мрсно“ да излажат некој близок пријател на телефон.

Снимките направени со специјална камера покажале дека температурата на врвот на носот на учесниците кои лажеле во експериментот опаднала и до 2 Целзиусови степени, додека температурата на челото им пораснала за еден и пол степен.

Колку е поголема разликата во температурата на врвот на носот и на челото, толку е поголема веројатноста човекот да лаже, а научниците со мерење утврдиле и дека носот навистина малку се „смалува“.

Температурна разлика
„Човекот мора да се потруди ако сака да лаже, да размислува, а во исто време кога лажеме сме вознемирени и тоа ја објаснува оваа разлика во температурата“, вели д-р Емилио Гомез Милан, кој го водел истражувањето.

Истражувањето го привлече вниманието на јавноста затоа што генерации ширум светот ги претставуваат луѓето кои не ја кажуваат вистината како Пинокио, кому му расте носот штом ќе каже нешто лажно во истоимената бајка.

Фото: pexels.com

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.