Ќе го победи ли овој пат: Откако шестпати се лекуваше од рак, Хју Џекман повторно направи биопсија (ВИДЕО)

Испрати важна порака до следбениците

Фото: Lisa Maree Williams / Getty Images

Болеста на актерот ја загрижи јавноста.

Познатиот холивудски актер и миленик на женската популација Хју Џекмен (54) во неколку наврати водеше битка со ракот на кожата, а изгледа дека болеста му се вратила.

Фото: Lisa Maree Williams / Getty Images

Имено, на актерот првпат му бил дијагностициран рак на кожата во 2013 година, кога шминкерот на снимањето на филмот „X Man“ му открил дека има грутче на носот, по што тој отишол на лекар по наговор на сопругата. Оттогаш, лекарите шест пати му го отстраниле туморот на Џекмен.

Хју Џекмен откри дека неодамна повторно отишол на лекар, каде што му била направена биопсија, па преку Инстаграм им се обрати на своите фанови и испраќајќи важна порака.

Еј момци, сакав да го слушнете ова од мене. Само што направив две биопсии. Очекувам резултати во следните неколку дена. Само за потсетување, карциномот на базалните клетки е најмалку опасен, но се надевам дека ова ќе ве поттикне да се заштитите од сонцето, соопшти актерот, по што следеше поддршка од обожавателите, кои рекоа дека се молат за неговото здравје.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hugh Jackman (@thehughjackman)

Фото: Lisa Maree Williams / Getty Images

Видео: Instagram

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.