Никој не може да ја препознае, што ли се случило? Се појави шок-фотка од Северина! (ФОТО)

Промени...

Дека Северина неодамна наполни 50 години по ништо не можеме да заклучиме, со оглед на тоа дека изгледа најдобро досега, би рекле многумина.

Таа денеска ја има истата тежина која ја имала и како млада, а тоа се 55 килограми на нејзините 170 см висина. Нејзиното згодно тело е резултат на здравите навики кои ги практикува со години. Пејачката вежба шестпати неделно, јаде пет мали оброци и шета барем по половина час секој ден.

Севе скоро три децении доминира на балканската музичка сцена, благодарение на многубројните хитови, но и скандали.

Имено, покрај хитовите, кариерата ѝ ја одбележа и нејзиниот бурен љубовен живот. Со српскиот бизнисмен Милан Поповиќ го доби синот Александар. Меѓутоа тој однос неславно заврши, а поранешните партнери дури завршија на суд, поради обвинение на Милан дека таа нема доволно време да се посвети на синот, бидејќи премногу настапува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Srb VIP (@srbija.v.i.p)

Од друга страна, кога ќе ги погледнеме нејзините фотки од почетокот на кариерата, гледаме доста различен изглед. Таа открила дека го има оперирано носот на препорака на еден лекар, иако тоа не ѝ било во план.

На 20 години го оперирав носот, бидејќи ме убеди еден хирург Не беше грбав, ниту грд. Ти доаѓа тип и ти вели – јас малку би ти го средил носот – и јас му дозволив. Проблеми со дишењето имав по опрацијата, не пред неа. Но факт е дека е поубав овој сега, отколку мојот природен што беше – рекла Севе во една прилика.

Судејќи по фотките од младоста, пејачката ја корегирала и устата, а би рекле и градите. Долго беше претпознатлива по својата кратка сина коса, меѓутоа сега таа често експиремнтира со боите. Она што секогаш остана на неа е нејзината вита линија и неверојатниот сексапил и заводливост со кои зрачи.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.