Што се случува со душата на покојникот 40 дена по смртта? Научниците откриле факти што досега не сме ги знаеле

Дознајте

Иако постојат разни верувања за тоа што се случува со душата 40 дена по смртта, научниците сега дошле до неверојатни сознанија

Според народните верувања, душата на покојникот на 40-тиот ден од смртта заминува на небото, а дотогаш неговиот дух се задржува на земјата. Не е случајност тоа што е одбран токму бројот 40 и зошто со векови се зачувало тоа мислење за човечката душа по смртта кај народот.

Спроведени се многу научни истражувања за тоа што се случува кога луѓето ги напуштаат своите тела и се враќаат во светот на душите. Дали духот на покојникот навистина се задржува 40 дена по смртта, како што вели народното верување?

Рускиот научник Петар Петровиќ Гарјајев експериментирал со ласер со променлив визуелен спектар и светлина, која продирала низ вакуумска комора и почнала да се обликува според примерокот на ДНК што бил внатре. Го повторил експериментот со ДНК, но светлината повторно го задржала обликот.

Денес тоа е познато како ДНК фантом ефект кој останал мистерија. Сепктрометарот, за којшто научниците мислеле дека е неисправен, регистрирал „фантоми“ во текот на тие 40 дена.

„Излегува дека нашата молекула на ДНК е антена, бидејќи содржи атоми на метали што служат како некој вид приемник насочен кон космосот, од каде што прима некои управувачки космички информации. Постои едноставен експеримент со икра од жаба, кога ќе се стави во комора од 80 отсто никел и железо, каде што постојат сите услови за нормален развој на клетките со еден исклучок – нема надворешно електромагнетно опкружување. Во тоа ненормално електромагнетно опкружување, ембрионите се претвораат во чудовишта и ниту еден од нив не стигнува до стадиумот на жаба“, открил рускиот научник.

Како што објаснил, тој смета дека ДНК генерира радиобранови и ласерски зраци, кои градат информациски холограми. ДНК-та е долга 500 милијарди километри, а во неа се запишани сите податоци за нас: од влакната и бојата на очите до емоциите и болестите.

Австриските научници во 1997 година докажале дека фотонот може да се пренесува од едно место на друго, а притоа да се сочуваат информациите.

„Тие многу јасно покажаа дека фотонот може да се телепортира, а нашата ДНК, нашите хромозоми, работат на принцип на фотони. Тоа значи дека нашите клетки комуницираат една со друга со бесконечна брзина. Накратко, концептот на времето исчезнува таму“, тврдел професор Гарјајев.

Од друга страна, според верувањата на народот, молитвите на саканите им помагаат на душите да поминат низ тешките искушенија кои траат од 9 до 40 дена по смртта, затоа што се смета дека човекот може да одговара за гревовите што ги направил во текот на животот, но нема баш за сите да се покае. За да им се оддаде почест на добрите дела што ги направил човекот во текот на својот живот, се организира комеморација, на која роднините на покојникот можат да се сетат на неговите добри дела, додека пробуваат да се утешат едни со други.

Кога покојник ќе ви дојде во сон: 5 причини зошто починатите се појавуваат во соништата на своите најблиски!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.