НАУЧНО ПОТВРДЕНО: Луѓето бараат емпатија и разбирање, а не совет

На луѓето што бараат помош не им треба секогаш совет, многу почесто им треба разбирање и утеха. Имено, руски научници спровеле студија во која учествувале околу 1.000 жени и мажи. Две недели, пет пати на ден, од нив се барало да одговорат на прашањето дали ги споделуваат своите негативни емотивни искуства, со кого и зошто. Исто така ги прашале и каква реакција добиле кога ги споделиле тие искуства со друга личност.

Резултатите покажале дека тие претпочитале негативните искуства да ги споделуваат со саканите луѓе или со роднините отколку со колегите или познаниците. Притоа, кога зборувале за својот проблем, повеќето од учесниците се надевале дека ќе добијат поддршка од слушателите, во вид на разбирање и пријателски однос, а не проповеди за нивните погрешни постапки.

Повеќе од сè, луѓето сакаат другите да ги слушнат и разберат, а не да ги критикуваат за нивните грешки и да им даваат совети, без разлика колку се добронамерни.

Згора на тоа, кога им се давала можност да изберат едно или друго, сите претпочитале да бараат само емоционална поддршка и емпатија, додека совети и препораки не им биле потребни.

Текст: Руски доктор

Фото: Pexels

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.