Како Русија се изборила со заразната болест: За еден месец ја искорениле болеста, еден потег бил клучен!

Во времето на СССР

За да не се памети овој случај, ниту докторите ниту научниците никогаш не биле наградени за својот труд

Во далечната 1959 година во декември, на аеродромот Внуково слетал авион од сончевата Индија. Заедно со останатите патници, од авионот слетал, ја поминал границата и царинската контрола, уметникот Алексеј Кокорекин. Малку се накашлал, но никој не обрнал внимание на тоа, со оглед на тоа што во Русија било многу ладно.

Токму така, во главниот град на поранешна СССР пристигнала епидемија која се заканувала дека ќе дојде до масовно изумирање. Таа ужасна болест се викала мала сипаница.

Болеста се ширела речиси експоненцијално. Најризична група биле оние кои патувале со истиот авион како споменатиот уметник. Потоа, сите оние кои се сретнале со уметникот по неговото доаѓање: сопругата, ќерка му, пријателите, пациентите и лекарите. А потоа и сите луѓе со кои понатаму контактирал. За кратко време, 7 милиони жители од главниот град биле изложени на смртна опасност.

КГБ имала јасна цел: да ги најде сите извори со кои уметникот бил во контакт. А бројката била застрашувачка.

Тука се откриле и некои не толку позитивни детали од животот на познатиот уметник.

Се дознало дека има љубовница на која и’ донел подароци од Индија, кои таа ги предала на комисија, бидејќи се мислело дека на нив има вирус.

Биле заразени сите продавачи, превозници, роднини и пријатели кои дошле во контакт со уметникот.

Медицинските сестри откриле дека уметникот имал посети во болница, и покрај строгата забрана. Но еден од нив, уметникот Суријанинов, кој потоа го носел ковчегот со посмртни останки на Кокорекин, подоцна ги почувствувал симптомите. Неговата сопруга Нина ги добила истите симптоми. Осип.

Цела Москва веднаш била ставена во карантин. Се’ застанало: авионите, возовите, меѓуградските автобуси. Градот бил на чекор од епидемија со средновековни размери! 11 илјади луѓе биле во карантин.

Властите донеле итна одлука: да се вакцинираат сите жители на градот. Но големи резерви на вакцината имало само на Далечниот Исток. И таму болеста владеела, а авионите не можеле да полетаат.

Москва ги мобилизирала сите свои сили, градот бил изолиран од целиот свет. И првата серија вакцини пристигнала во главниот град.

Николај Малишев, доктор за заразни болести рекол: „Сите жители на Москва се вакцинирани, седум милиони. Секој ден по 1,5 милиони жители!“

До крајот на јануари, сите во Москва и во околните области биле вакцинирани. Во целата светска историја, ова е најголемиот случај на вакцинација, во смисла на обем, време и трајност.

Тројца луѓе умреле од епидемијата на мала сипаница во Москва во 1960 година, а уметникот Алексеј Кокорекин се сметал за нултиот болен. Неговиот пријател, уметникот Рубен Суријанинов и неговата сопруга оздравеле.

Она што тогаш им помогнало на жителите бил советскиот начин на живот – послушноста. Барем во доба на епидемија и пандемија. Уште една карактеристика на овој начин на живот било отсуството на паника: КГБ ги сопирало и најмалите гласини, а целата приказна за епидемијата на мала сипаница во Москва, се чувала во архива со наслов „тајна“.

За да се заборави целиот овој случај што е можно побрзо, ниту лекарите ниту научниците не биле наградени за својот труд и за тоа што спасиле толку многу народ.

Во меѓувреме, Русија објави дека почнала со тестирање на вакцина против коронавирус.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.