Откриени се мрачните тајни на женскиот миленик: „Ја злоупотреби моќта и ме силуваше кога имав 14 години!“

Скандал го тресе Холивуд

Ворен Бити моментално се наоѓа на столбот на срамот поради ужасните обвинувања

Кристин Херш (65) го обвинила актерот Ворен Бити (85) дека ја присилил на сексуални односи кога имала 14 години. Го запознала за време на снимање филм во 1973 година, а силувањето се случило подоцна истата година.

„Го искористи својот статус и моќта и ме присили да бидам интимна со него“, открила Херш.

Поради злоупотребувањето што го доживеала, претрпела емоционална и психичка болка. Се борела со чувство на срам и вина.

Истакнала дека на сетот случајно ја одвела сосетката, која учествувала во создавањето на филмот. Како што нагласила, ѝ било чудно што Ворен, кој тогаш имал 35 години, ѝ подарувал толку многу внимание.

Во тужбата се наведува дека Бити, инаку холивудски ветеран со 14 номинации за Оскар, ја опсипувал со комплименти, а потоа ѝ го дал својот телефонски број и побарал да му се јави. Имено, ја викнал во хотелот каде што живеел, ја одвел во својот автомобил, ѝ понудил помош околу училишната задача и разговарал со неа за губење невиност.

Понатаму, се наведува дека во 1973 година, кога Херш имала само 14 години, Бити го искористил своето влијание за да ја присили на интимни односи. Меѓутоа, во судските документи предадени во Вишиот суд во Лос Анџелес не се спомнува директно името Ворен Бити, но јасно се укажува на него.

„Дејли мејл“ контактирале со претставниците за медиуми на Ворен Бити, како и со адвокатите на Кристин Херш.

„Ја искористил својата улога, статус и моќ на позната холивудска ѕвезда за да добие пристап, манипулирал со неа, ја искористувал и ја присилувал на сексуални однос во период од неколку месеци во државата Калифорнија“, истакнал адвокатскиот тим на Кристин.

Во тужбата се тврди дека Хирш не можела да даде согласност за сексуален однос, бидејќи била малолетна во тоа време, а сега бара отштета и казна за Ворен Бити.

Своевремено, Ворен тврдел дека спиел со повеќе од 12.000 жени како и дека на многу од нив не им го знаел ни името. Сè се сменило кога ја запознал 21 година помладата колешка Анет Бенинг.

„Ако сум грешел во односите со жените, тоа било само затоа што бев зависен од љубов. Ако сум бил лудо вљубен, а не одело сè како што треба, моите креативни импулси сублимираа. Веднаш почнував да барам друга, бидејќи мислев дека претходната била грешка и дека најдобро е да прекинам“, рекол еднаш Казанова од 20. век.

Жртва сум на силување и инцест: Ешли Џад прозборела за трауматичното детство и злоставување! (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.