5 производи што не треба да ги користите по 50-тата година: Експертите тврдат дека ќе направат да изгледате постаро

Прочитајте

Ова се петте производи за кои шминкерите тврдат дека жените не би требало да ги користат по 50-тата година

Факт е дека речиси секоја жена има барем еден омилен производ кога станува збор за шминката, но како што рутината за нега се менува со текот на годините, истото правило би требало да важи и кога станува збор за шминката. Причината е многу едноставна – некогаш со истиот начин на шминкање или избор на производи ќе направите повеќе штета одошто корист, па ќе изгледате и визуелно постари.

Затоа, експертите споделиле на што треба да обрнете внимание кога ќе ја преминете 50-тата година, како и кои производи би требало да ги одбегнувате.

1. Пудра во прав и камена пудра

Доколку нанесувате подлога во прав, а сте ја преминале 50-тата, би требало да престанете да го правите тоа. Причината е што тој тип формула ја нагласува секоја пора и брчка и прави да изгледате постаро, па се советува да се држите до кремливите производи.

2. Коректор на подочниците

Шминкерите се согласни дека жените постари од 50 години никогаш не би требало да користат коректор, бидејќи кожата околу очите е деликатна и станува потенка како што минуваат годините. Исто така, токму овој дел на окото се набрчкува меѓу првите и секоја преголема употреба на производи ќе го нагласи токму тоа што не го сакате, засилувајќи ја текстурата. Поради тоа, експертите велат дека дури и ако мора да го користите овој производ, нанесувајте го во многу тенок слој и тоа само таму каде што е неопходно. Исто така, класичниот светол коректор заменете го со оној за корекција на бојата.

3. Руменила со светки

Голем број руменила содржат премногу светкави состојки. Иако намената им е да ги истакнат образите, ваквиот тип на производ лесно може да доведе до тоа да добиете премногу тркалезно лице без дефиниција. Руменило користете го на највисоката точка на образите, а на повозрасна кожа, мат-варијантите ќе изгледаат далеку подобро.

4. Претерана употреба на сјај за усни

Иако многумина мислат дека сјајот за усни ќе направат да изгледаат помладо, тоа всушност не функционира така. Предебелиот слој сјај за усни само ќе се размачка преку рабовите на усните и ќе направи да изгледате „понесредено“, а никој не го сака тоа. Експертите советуваат да користите сјај во минимална количина, и тоа формули што не се премногу сјајни, а најдобро е да експериментирате дома пред огледало за да го најдете тоа што најмногу ви одговара.

5. Црно моливче за очи

Дури и ако имате многу крупни очи, црното моливче за очи може да изгледа грубо на капакот. До ваков ефект доаѓа бидејќи кожата се истанчува со години, па шминкерите советуваат наместо тоа да користите моливче во кафеава боја или да нанесете кафеава сенка како ајлајнер со четкичка. Најубав ефект се постигнува ако ваквиот ајлајнер го извлечете на три-четвртини од окото.

Шминка на работа: Постои ли црвена линија или може сè?
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.