Откриен е тајниот план на принцот Чарлс: Еве што прво планира да направи кога ќе ја наследи круната!

Кејт и Вилијам тешко ќе го поднесат ова!

Кога ќе дојде на тронот, ќе следат некои значајни промени

Тајниот план на принц Чарлс е откриен од страна на британските медиуми. Како што тврди „Дејли Мејл“, по смртта на кралицата, имотот ќе биде подостапен за јавноста, а сите што ќе сакаат, ќе можат да го прошетаат грандиозниот имот.

Освен тоа, Чарлс размислува да го претвори омилениот дворец на кралицата во Балморал во музеј кој ќе ѝ биде посветен нејзе, но и за тоа да ги пресели принцот Вилијам и војвотката Кејт Мидлтон во дворецот Виндзор.

Тој, исто така, не сака да ја задржи резиденцијата Беркшир поради нејзината близина до пристаништето и преголемата бучава што ја прават авионите.

„Имотот е една од првите работи на списокот што ќе го направи откако ќе го преземе престолот. Второто прашање по смртта на кралицата ќе биде тоа како да распореди две генерации на прилично голем број недвижнини. Чарлс верува дека секој треба да живее во посебна резиденција. Па така, цврсто верува дека мора на јавноста да ѝ даде пристап до палатата. Сите знаат дека нема смисла да има толку резиденции, но ако целосно се откаже од нив, принцот Џорџ и неговите браќа нема да имаат каде да живеат“, потврдил близок пријател на Чарлс и додал дека принцот се соочува со стресна дипломатска задача со која ќе се обиде да го увери семејството дека сите промени ќе бидат корисни.

Дали тоа ќе му појде од рака, времето ќе покаже.

Побизарно од ова не може да биде: Принцот Чарлс со овие барања ја малтретира послугата секој ден!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.