Откако јавно призна дека го изневерувала сопругот, избега на Бахамите

Вил и Џада Смит во „засолниште“ додека слегне правот

Џада Пинкет Смит јавно призна дека пред четири и пол години била во врска со 27-годишниот рапер Август Алсин, кој му е пријател на нејзиниот син. Актерката и пејачка го направи тоа во живо во своето ток-шоу Red Table Talk, во кое го угости својот славен сопруг Вил Смит.

И покрај тоа што таа му се извнини на сопругот за прељубата, која се случила кога бракот им бил во тешка криза, а и двајцата потврдија дека нивната љубов сега е најсилна досега, оваа случка ја разбранува јавноста, која како да не може да прифати дека славните сопружници имаат „отворен“ брак.

Па така, за да го избегнат скандалот што го тресе Холивуд, Вил, Џада и ќерката Вило отпатуваа на Бахамите. Престојуваат во луксузното одморалиште на Албани, каде што една ноќ чини над три илјади долари, дознава Page Six.

Во меѓувреме, почнаа да кружат гласини дека Вил ја изневерувал сопругата со колешката Маргот Роби.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.