Од жена со најубаво лице во Холивуд се претвори во најомразена личност во светот: И тоа поради судењето со Џони Деп

Од жена со најубаво лице во светот и активистка за правата на жените, Амбер Херд за неколку недели стана една од најомразените жени во Холивуд, а ако ги прочитате коментарите на Интернет, таа е и една од најомразените жени во светот.

Благодарение на судењето со нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп кое го следеа камерите, а со тоа и целиот свет, Амбер Херд стана една од најомразените жени во Холивуд. Актерката изминативе неколку недели беше позната како поранешна сопруга на Џони Деп и згодната Мера од „Аквамен“, денес е предмет на навреди, понижувања и негативни коментари на социјалните мрежи кои добија неверојатни размери.

Написот објавен пред неколку дена од „Њујорк тајмс“ се осврна на омразата кон Амбер Херд, а текстот заклучува дека огромната количина на омраза насочена кон неа се должи на стотиците профили на „ТикТок“ и Јутјуб кои се занимаваат со случајот Деп-Херд.

Ако го следите судењето на социјалните мрежи, малку е веројатно дека ќе наидете на нешто позитивно за Амбер Херд“, пишува „Њујорк тајм“.

На негативните коментари на сметката на Амбер Херд, кои сега ги има во милиони, влијаеше и тоа што судењето се емитуваше во живо на Јутјуб, па сите корисници можеа да разговараат за она што го гледаат и да формираат мислење за случајот, иако никој од нив може да влијае на исходот на судењето.

Фото: Guliver/Getty Images
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.