Од миленичка на нацијата до растурачка на бракови: Многумина се прашуваат како е возможно да не старее

И Македонците ја обожаваа

Мексиканската актерка Маите Перони ја нарекуваат „растурачка на бракови“ поради нејзините љубовни врски

Славната актерка и пејачка Маите Перони, родена во Мексико Сити, стекна светска популарност благодарение на серијата „Бунтовници“ како и истоимената музичка група, а подоцна и на најпопуларните латиноамерикански серии.

Покрај со успешната кариера, таа го привлекуваше вниманието на јавноста и со скандалите. Неодамна се омажи со телевизискиот продуцент Андрес Товар, а пред него, љубовниот живот ѝ го одбележа врската со колегата Вилијам Леви, со кого играше во серијата „Напуштениот ангел“, толкувајќи љубовна двојка.

Меѓутоа, Леви тогаш беше во брак со Елизабет Гутјерез, исто така позната актерка. Актерот без никакво двоумење се впушти во афера со младата колешка Маите, која потоа беше окарактеризирана како „растурачка на бракови“.

Сепак, Маите сè уште важи за една од омилените латино-актерки, а и покрај тоа што има 42 години, изгледа многу помладо и многумина коментираат дека воопшто не се менува.

Славната актерка го кажа судбоносното ДА: Беше со најголемиот заводник на светот, но на крајот нејзиното срце го освои ТОЈ
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.