Ни кралската послуга не сака повеќе да молчи за Меган: „Го доби најдобриот тим од кралицата, но таа никого не сакаше да послуша!“

Уште една лага?

Извори велат дека кралицата лично ѝ доделила најдобри и најискусни соработници, како и дозвола да си ги одбере сама

И вработените во кралската палата на Велика Британија го следеле скандалозното интервју на Меган Маркл и принц Хари, а како што велат анонимни извори, тие се најмногу шокирани од тврдењето дека Меган немала никаква поддршка и дека никој не ѝ помагал да се вклопи во новиот начин на живот, кој ѝ бил потполно непознат.

Медиумите дознаваат дека кралицата ѝ ги доделила на Меган најискусните соработници за ментори уште кога се свршила со Хари и дека ѝ дозволила сама да одбере од 15-те најдобри лојални вработени кои со децении работат за кралското семејство.

„Имаше брилијантен тим составен од искусни и лојални луѓе за да ѝ помогнат. За жал, таа и Хари не слушаа никого. Тоа е единствената вистина“, открил изворот.

Како што наведуваат британските таблоиди, кралицата лично донела одлука нејзината популарна поранешна секретарка Саманта Коен да го води тимот на Меган и да ја подготви поранешната актерка за венчавката. Саманта е личност од најголема доверба за кралицата Елизабета и токму затоа ѝ ја доделила на Меган, за секојдневно да ја подучува за протоколите и кралските манири.

Инаку, се зборува дека и Саманта Коен е меѓу вработените кои се жалеле на мобинг од страна на Меган Маркл, околу што Бакингемската палата, како што е официјално најавено, ќе спроведе истрага.

Да се потсетиме, Меган во интервјуто навела дека никој ништо не ѝ помагал, ниту ја упатувал во работите што не можела да ги знае и дека среде ноќ гуглала како треба да се однесува за да не го засрами новото семејство.

Никој не знаеше дека Меган Маркл помислувала на самоубиство додека блескала во синиот светкав фустан (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.