Вреди да се усвојат: Трикови за совршено убава и негувана кожа

За подобар изглед

Не е потребно многу за негувана и убава кожа, и секој од вас може да го постигне тоа. Вие само треба да направите едноставни промени во вашата рутина, кои ви ги откриваме подолу.

Доволни количини на течност

Ова секако се однесува на адекватен дневен внес на вода во организмот, но и на ситници, како пиење кафе само неколку минути по будењето. Обидете се да го замените утринското кафе со зелен сок полн со витамини и за неколку дена ќе ја забележите разликата.

Исхрана

Најважната ставка во нега на кожата. Ако не водите здрав живот и вашата исхрана е сведена на брза храна, можете да заборавите на убавата кожа.

Хидратантна крема

Продолжете да нанесувате хидратантни креми наутро и навечер во вашата рутина и кожата ќе ви се заблагодари.

Допирање на лицето

Можеби звучи бизарно, но потпирањето на лицето на раката и допирањето на лицето со прстите може да доведат до брчки и мозолчиња.

Премногу производи

Користењето премногу различни производи може да биде штетно за вашата кожа. Консултирајте се со вашиот дерматолог и изберете два или три производи што одговараат на вашата кожа и внесете ги во вашата рутина за нега на кожата.

Заштита од сонце

Многу луѓе мислат дека заштитата од сонце е потребна само во летните месеци, но тоа е неточно. Изложувањето на сонце е главна причина за предвремено стареење на кожата, затоа заштитете се од сонцето, без оглед за која сезона станува збор.

Чистење на четки за шминка

Можеби сте единствената личност што ги користи, но тоа не значи дека не мора да ги чистите секој ден. Можете исто така лесно да ги исчистите четките со употреба на благ шампон за коса.

Спиење

Спиењето е исто толку важно како и сите работи што сè уште треба да ги правите. Придржувајте се кон потребните осум часа сон и кожата ќе ви биде благодарна.

Прочитајте и: Совети за тоа како да се зачува бојата на усните со текот на годините

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.