НЕМА МИР Јована Јеремиќ добива неверојатни закани: Се обидуваат да ја заплашат водителката

Шоубизнис

Не сака веќе да молчи

Во текот на емитувањето на утринската програма Јована Јеремиќ, без влакна на јазикот, најави дека ќе го објави списокот на своите колешки кои преку кревет дошле до својата позиција.

Како што истакна таа, до оваа одлука дошла исклучиво за да ја одбрани својата професија, но и својата чест и достоинство. Нејзината одлучност, како и ветувањето кое го даде на телевизија со национална фреквенција ги вознемири нејзините колешки, кои преку заеднички пријатели и соработници се обиделе да дојдат до информации кој се наоѓа на списокот на Јована.

Иако многумина се навикнаа дека Јована без проблеми влегува во јавни конфликти, зборува за табу-теми, ги разоткрива моќните, криминалците, и не размислува за последиците кои евентуално поради тоа може и сама да ги поднесе, никој не очекуваше дека на нејзината листа ќе се најдат и нејзини колешки, раскажа извор близок на контроверзната водителка, па објасни дека таа не го прави тоа заради рејтинг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JOVANA JEREMIC (@jeremicjovana)

Јована е голем борец за правда, укажува на многу аномалии во општеството, го свртува вниманието на јавноста на искривените обрасци на однесување и секојдневно ја потсетува јавноста дека самата дошла до успех исклучиво со посветена работа, но и со диплома на државниот Правен факултет, објасни еден близок пријател на водителката.

Кога во емисијата вети дека го објави списокот на сите проститутки кои се занимаваат со водителска работа, доста од нив се пронајдоа, но и исплашија.

Три нејзини колешки од другите телевизии во страв да не бидат разоткриени почнаа да вртат телефони за да дознаат каква намера има Јована. Ѝ се јавуваат нејзините соработници, блиски пријатели, фризери, шминкери, обидувајќи се да ја спречат во намерата да се занимава со таа тема, раскажува изворот и додава:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JOVANA JEREMIC (@jeremicjovana)

Тие неколку жени, кои порано ѝ беа блиски соработнички на Јована, а потоа ѝ завртија грб, дефинитивно се во најголем страв. Една од нив дури се обиде да го спречи влегување на Јована во Пинк-телевизија, па смета дека водителката на овој начин сака да ѝ се одмазди, заврши изворот.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.