„Не ми дадовте ни кафе да пијам, одете сите по ѓаволите“: Бритни Спирс отворено проговорила за семејните односи!

Го разврзала јазикот во јавна објава

„Знам дека крвта не е вода, но никој не би го направил тоа што вие мене ми го направивте“, проговорила Бритни

Поп-ѕвездата Бритни Спирс сите овие години молчела само затоа што морала поради договорот што ја контролирал нејзината кариера, финансиите и приватниот живот, но откако судот одлучил дека нејзиното семејство, пред сé татко ѝ, повеќе немаат никаков удел и учество во нејзиниот живот, таа го разврзала јазикот.

Минатата недела, Бритни му го кажа судбоносното „да“ на својот долгогодишен партнер Сем Асгари. Иако венчавката не поминала без инциденти, поради ненајавениот упад на поранешниот сопруг, кој со полициски налог и жалба од Спирс добил забрана за приближување, пејачката, меѓу другото, одлучила и во целост да расчисти со своето семејство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

На венчавката на Бритни Спирс не бил поканет ниту еден член на семејството, ниту мајка ѝ, татко ѝ и сестра ѝ, но пејачката го ставила и братот Брајан на списокот на непожелни луѓе во нејзиниот живот.

„Никогаш не си бил поканет на мојата венчавка. Дали навистина мислиш дека сакам брат кој не ми даде да испијам една чаша виски четири години? Ако мислевте дека сите заедно ќе бидеме на венчавката и ќе се правиме фини – ти, таа сестрата ‘Лин Спирс’ и мама, а претходно ги криевте кафето и алкохолот од мене кога ќе влезев дома – гадно сте се излажале. Ме повредивте многу пати, на многу нивоа“, напишала Бритни на Инстаграм.

Како што пишуваат медиумите, брат ѝ Брајан бил задолжен да ја контролира Бритни дене и ноќе за време на концертните активности во Лас Вегас од 2013 до 2017 години. Тогаш сè уште била под контрола на татко ѝ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

„Можеби ќе се натерам вечерва да го испијам тој еден пијалак што ми го забранувавте. Ќе погледнам во небото и месечината и ќе кажам ‘одете по ѓаволите’. Знам дека крвта не е вода, но ниту едно семејство не би го направило тоа што вие ми го направивте мене“, заклучила Спирс.

Имено, според медиумите и документарците што се занимавале со животот и кариерата на Бритни Спирс, пејачката не само што била контролирана од страна на семејството, туку и сите колективно заработувале од неа 14 години и ја терале да одржува концерти и да снима албуми што не ги сакала.

Мајката на Бритни Спирс сака да се смири со ќерка си: Иако не беше поканета на нејзината свадба!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.