Првиот знак на деменција се појавува многу порано од самата болест: Ако ја забележите оваа промена, веднаш побарајте помош!

Внимавајте

Не ги игнорирајте овие знаци на предупредување

Иако тоа не ни паѓа прво на памет, лекарите тврдат дека оралната хигиена е поврзана со нашето целосно здравје на многу различни начини.

На пример, иако можеби нема автоматски да го поврземе здравјето на забите со кардиоваскуларната состојба, лошата орална хигиена исто така е поврзана со повисоките стапки на болести на срцето. Освен тоа, состојбата во усната празнина може да укажува на знаци за други здравствени проблеми, од тумор до хипертензија.

Експертите тврдат дека едно посебно чувство во устата може да биде еден од првите показатели на деменција.

„Деменцијата е болест што ја нарушува способноста на поединецот да помни, да размислува или да донесува одлуки“, објаснува Џим Ден, геријатриски клинички советник и член на управниот одбор на Senior Helpers.

„Деменцијата не е специфична болест, туку општ термин што се користи за да се опишат групата симптоми специфични за губење на помнењето и други когнитивни оштетувања што се доволно сериозно за да ја нарушат способноста на поединецот да ги извршува секојдневните активности“, тврди експертот.

Иако не постои лек за деменција, раното откривање е многу важно.

„Со лекување и рана дијагноза, можеби ќе можете да го забавите прогресот на деменцијата и да ја одржите менталната функција подолг временски период. Третманот може да вклучува лекови, когнитивен тренинг и терапија“, откриваат докторите.

Некои рани симптоми на деменција може да се појават со години пред да се постави дијагноза за болеста. И за разлика до губењето на помнењето и конфузијата, сувите усни се потенцијален индикатор што не е вообичаен симптом на когнитивен пад.

Зголемената заборавеност е општопознат симптом на деменција, а сувата уста е потенцијален ран симптом на деменција.

„Иако сувите усни не се еден од најчестите први знаци на деменција, тоа може да биде еден од првите показатели“, велат стручњаците.

3 рани знаци на деменција кои можат да бидат откриени уште во 20-тите години
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.