Наташа Беквалац за болното искуство во младоста: „Многу ме повредуваа кога бев дете“

Шоубизнис

Новосаѓанката се отвори за своето детство и растењето.

Најпознатата Новасаѓанка на естрадното небо во Србија, пејачката Наташа Беквалац, им ја отвори душата на српските медиуми за нејзиното воспитување, предрасудите и осудите кои се присутни и денес, но и подигнати на повисоко ниво. Најмногу предрасуди трпела во училишните денови, а тоа било само поради професијата на нејзината мајка, која исто така била учителка.

„Кога тргнав на училиште, бев добар ученик, бидејќи, секако, мајка ми е мојата учителка. Тие рекоа: „Па, се разбира, таа е тотално одлична кога нејзината мајка е нејзина учителка“. Тоа се работи кои многу ме повредуваа кога бев дете. Еднаш дури и професорката не ми ја оцени работата и ме замоли повторно да го пишувам тестот по српски јазик, бидејќи мислеше дека некој друг ми го напишал“, објаснува пејачката која нема проблем јавно да искаже се што и пречи.

Често, од друга страна, знае да се пошегува на своја сметак и непромислено да истакне како се чувствува – поради што нејзините изјави стануваат хит на социјалните мрежи.

„Има една изрека: „Што и да ни се случи, понекогаш ќе се смееме на тоа“. Во моментот кога ќе се случат некои работи, изгледа дека нема да можеме да се насмееме кога ќе се потсетиме на нив, но излегува дека можам да реагирам така, речиси на се што сум доживеала. Времето навистина ги лекува раните и ве тера да гледате на минатото од поинаков агол. Сите сме живи и здрави, па ништо не е толку страшно“, истакнала Наташа за тамошните српски медиуми.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.