Најубавата жена на светот уловена без шминка: Дали е возможно да изгледа вака во живо?

Пријанка Чопра

Индиската актерка и поранешната Мис на светот, Пријанка Чопра, неодамна го прослави 40-тиот роденден, а сега папараците ја уловиле на улица во опуштено издание

Славната индиска актерка Пријанка Чопра (40) неодамна била фотографирана на улиците во Беверли Хилс додека се враќала од деловен состанок, а за таа пригода ја изненадила јавноста со опуштеното, лежерно издание, во какво што ретко кога имаме можност да ја видиме.

Таа се појавила во фармерки со рамен крој, кошула со линии, бели патики, додека на лицето немала ни грам шминка, а фризурата ѝ била по малку неуредна, врзана во пунџа.

Можеби Пријанка во ова издание не личи на жената која во 2000 година ја освои титулата Мис на светот и беше прогласена за најубава жена на светот, сепак, не можеме да оспориме дека изгледа негувано и младолико, па јасно е зошто со мала помош од шминкерите се претвора во убавица.

Како што има истакнато, научила да се сака себеси во целост иако веќе две децении важи за една од најубавите жени на планетата.

„Порано секогаш чувствував притисок да изгледам на одреден начин. Цел живот сум опкружена со нереални стандарди за убавина – сите сме. Додека растев, верував дека сѐ мора да биде совршено, дека морам да бидам слаба и да носам одредена големина, да бидам средена. Ми требаше време да се помирам со природната состојба на мојата кожа и со мојата природна коса“, рекла актерката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Priyanka (@priyankachopra)


Чопра своевремено во еден подкаст се потсетила и на мрачните фази од својот живот откако во 30-тите година качила неколку килограми, по што се соочила со остри критики.

„Ги јадев моите емоции. Моето тело почна да се менува, влегов во 30-тите. Поминав низ голема борба, бидејќи на Интернет добивав навреди како: ’Изгледаш поинаку’, ’Старееш’ и други слични работи. Тоа ми предизвика хаос во главата. Очигледно, пораснав во индустрија во која имав толку тесен поглед за тоа каква е формата на моето тело, каква е мојата линија или моите мерки. Во моите 20-ти години мислев дека тоа е нормално“, објаснила 40-годишната убавица.

ЖЕНО, БОЖИЦЕ! Го „запали“ Париз со своето ДЕКОЛТЕ: Сè зрачи со ГЛАМУР, ова е најдоброто издание на Пријанка Чопра (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.