Пред 20 години луѓето се молеа за здравјето на Есмералда: Била наркоманка, а еве каде е денес!

Не личи на себе

Не постои човек што не слушнал за неа

Летисија Калдерон се прослави кон крајот на 1990-тите со улогата Есмералда во истоимената серија.

Есмералда и Хосе Армандо ги освоија срцата на цела Македонија и регионот. Речиси и да не постои човек што не ја гледал оваа серија, а дури и оние што не ја следеле, сигурно слушнале за неа.

Слепата девојка Есмералда што пораснала во шумска колиба со старица, која при породувањето ја заменила со својот син, бидејќи газдата сакал машко дете, ги освои срцата на многумина. Подоцна Есмералда се вљубува во истиот тој дечко и така започнува една од најголемите љубови.

Луѓето беа толку воодушевени од Есмералда што ја доживуваа како вистински лик и многумина се молеа таа да прогледа, плаќајќи посебни молитви за да се молат за неа.

За време на снимањето на серијата, актерката се борела со зависност од наркотици. Во моментот кога нејзината пријателка ѝ умрела на раце од предозирање, одлучила да се излечи и да се откаже од пороците.

„Бев млада, на врвот од кариерата, полна со пари и сѐ ми беше достапно. Непромисленоста можеше да ме чини живот“, рекла актерката во 2013 година.

Летисија има остварено бројни улоги во серии, но ниту една не ѝ донела таков успех како Есмералда, која цел живот ќе се памети.

Со поранешниот сопруг Хуан Колада актерката добила два сина, Луцијано и Карлос. Нејзиниот син Луцијано е роден со Даунов синдром, а актерката му посветила книга со наслов „Ангелот во мојот живот“.

„Луцијано е мојот ангел и многу го сакам. Знаете, некои луѓе ме осудуваат и мислат поинаку. Знам да наидам на многу предрасуди. Кога докторите ми ја кажаа неговата дијагноза, си кажав самата на себе дека тоа не ми е воопшто важно, бидејќи ќе имам дете“, рекла таа во една пригода.

Летисија сега не личи на себе, па ретко кој би ја препознал.

Немаше човек во Македонија кој во 1990-те не се молеше Есмералда да прогледа: Актерката беше во пеколот на дрогата, а денес не личи на себе!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.