Најновите фотографии од Ѕверка и Кери Бредшо го обиколија светот: Дали е возможно да изгледа толку добро на 66 години?

Погледнете

Двојката, чија љубовна приказна многумина ја знаат напамет, повторно се обедини поради снимањето на продолжението на серијата „Сексот и градот“ со наслов And Just Like That

Кери и Ѕверка беа водечки ликови во серијата што се прикажуваше од 1998 до 2004 година, како и во филмовите што следеа по серијата. Нивната романса преполна со подеми и падови, ги закова бројните обожаватели за малите, а потоа и за големите екрани, а многумина беа воодушевени од нивната венчавка во првиот филм.

Фановите тотално полудеа кога Сара Џесика Паркер објави заедничка фотографија, како и поради фактот што нивната љубовна приказна ќе биде централна и во новото издание на „Сексот и градот“.

„Овие двајца. Мислам дека долго ќе останат будни вечерва. Бакнеж. СЏ“, пишува во описот на фотографијата на Сара која има повеќе од 1.000.000 лајкови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SJP (@sarahjessicaparker)


Оваа фотографија и пораката на Сара потполно ги воодушевила обожавателите.

„Ова е толку возбудливо!“, „Не можам да дочекам“, „Најпознатата двојка некогаш“, „Ааааах неверојатно“, „Врескам“, се само некои од коментарите.

И актерот Крис Нот исто така објави фотографија на својот профил со кратка порака.

„Повторно заедно“, напишал Крис.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chris Noth (@chrisnothofficial)

Сара Џесика Паркер откри зошто Кери Бредшо прошета во различни сандали во „Сексот и градот“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.