Сара Џесика Паркер откри зошто Кери Бредшо прошета во различни сандали во „Сексот и градот“
Мистеријата - решена!
Обожавателите на култната ТВ-серија „Сексот и градот“, која се емитуваше од 1998 до 2004 година, конечно дознаа зошто една од главните хероини, Кери Бредшо, во една од сцените носи различни сандали.
Мистеријата ја реши 54-годишната ѕвезда која го толкуваше ликот на колумнистката Кери, актерката Сара Џесика Паркер, изјавувајќи дека таа и костимографката на серијата Патриција Филд не можеле да се определат за еден чифт.
Имавме два чифта сандали од Лубутин. Пат и јас одлучивме Кери од облече по една од нив. Можеби затоа што и двете беа прекрасни и совршено се согласуваа со фустанот“, раскажа Сара.
Фото: Instagram, Getty Images