Најголемите естрадни ѕвезди за Новата 2023: Најскапиот билет е до 350 евра, еве кој е на врвот

Шоубизнис

Доколку некој сака во новата 2023 година да влезе во друштво на популарните музички ѕвезди, за тоа ќе мора да издвои поголема сума пари.

Засега, според податоците до кои дојде српскиот Курир, најскап билет е за настапот на Лепа Брена и се движи од 300 до 350 евра. Цената зависи од позицијата на местото во салата и дали вклучува комплетна вечера и неограничена консумација алкохолни и безалкохолни пијалоци во текот на вечерта.

Секој пијалак кој не е во понудата, дополнително ќе се плати. Разликата во цената на влезницата го одредува местото на седење. Поскапите места се поблиску до музиката, додека поефтините се малку поодалечени.

Веднаш потоа се Јелена Карлеуша и Аца Лукас.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

За русокосата дива, која ќе настапи во еден од најпрестижните хотели, потребно е да извоите од 180 до 200 евра, во зависност од позицијата во самата сала, која вклучува елегантно место за седење, комплетна вечера и една чаша шампањац од еден престижен бренд. Истите услови важат и за настапот на Лукас, со тоа што треба да се нагласи дека постојат и шанк-столчиња, за кои по цена од една личност е 100 евра и вклучува комплетна вечера, но со нив не доаѓаат и столчиња.

Дара Бубамара

Дара Бубамара за Нова година ќе пее во еден клуб на периферијата на Белград, а според податоците од сајтовите, влезниците за таа вечер ќе чинат од 70 до 110 евра за едно лице.

Рада Манојловиќ

Рада со својот колега Амар Гилет ќе пее во еден познат хотел на Нови Белград, кој собира 550 луѓе. Цената на влезниците се движи од 130 до 200 евра.

Милица Павловиќ

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milica Pavlovic (@senoritamilica)

Милица Павловиќ 2023 година ќе ја дочека во строгиот центар во Белград во свечена сала каде што ќе може да дојдат многу нејзини фанови. Цената за влезница е од 130 до 210 евра.

Сека Алексиќ и Слаѓа Алегро

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SEKA ALEKSIĆ (@seka_aleksic)

Двете пријателки првпат Новата година ќе ја дочекаат заедно и тоа работно. Тие ќе пеат во една кафеана, а влезниците ќе чинат од 70 до 180 евра.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.