Морничаво видео од ревија на „Баленсијага“ кружи на социјалните мрежи: Тоа што го носи манекенот во чантата е МОРБИДНО!

Болно!

Скандалозната кампања на модната куќа „Баленсијага“ ја потресе јавноста, а сега испливаа прилично вознемирувачки видеа

Може да се каже дека новата кампања на брендот „Баленсијага“ е еден од најголемите скандали што некогаш го потресле модниот свет. Престижната модна куќа е на удар на медиумите веќе неколку недели, а на нејзината адреса пристигнуваат страшни осуди од јавноста.

Рекламната кампања со фотографии од деца кои држат играчки со садо-мазо детали и судски написи за детска порнографија, како и сликите од кастрирани деца, го запрепастија целиот свет.

И пред овој скандал имало многу бизарни детали на нивните ревии, но ниту еден ја нема толку вознемирено широката народна маса. Сепак, со оглед на тоа што овој пат ги сексуализирале децата и ги злоупотребиле поради кампања, корисниците на социјалните мрежи продолжиле да истражуваат и нашле бројни видеа и фотографии кои покажуваат дека има нешто што сериозно не е во ред со оваа модна куќа.

https://twitter.com/atensnut/status/1597272681337917440?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1597272681337917440%7Ctwgr%5Eeb9b132f32538fa90f50415fe6c63c83c38e0f02%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fstil.kurir.rs%2Fmoda%2F190955%2Fbolestan-snimak-sa-balenciga-revije

Спорното видео што кружи на социјалните мрежи настанало пред една од ревиите на брендот „Баленсијага“, а ги прикажува реквизитите што еден од манекените ги носи во чантата. Станува збор за кадифена играчка, цуцла, пелени и нешто што личи на крвав пешкир, а сето тоа изгледа прилично морничаво со оглед на тоа што во рацете носи кукла на девојче.

https://twitter.com/RobertS28049870/status/1596937778788732928?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1596937778788732928%7Ctwgr%5Eeb9b132f32538fa90f50415fe6c63c83c38e0f02%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fstil.kurir.rs%2Fmoda%2F190955%2Fbolestan-snimak-sa-balenciga-revije

На второто видео се гледа дека сите овие реквизити ги носел на ревијата, но со оглед на тоа што не се гледа содржината на чантата, се наметнува прашањата која била пораката на сето ова.

https://twitter.com/Chupetinero/status/1597021477475610624?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1597021477475610624%7Ctwgr%5Eeb9b132f32538fa90f50415fe6c63c83c38e0f02%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fstil.kurir.rs%2Fmoda%2F190955%2Fbolestan-snimak-sa-balenciga-revije

Спорното видео го објавила Лендон Старбак, активистка за заштита на детските права, која остро ја искритикувала оваа постапка:

„Не постои апсолутно никакво оправдување зошто има лажно бебе во чанта на модна ревија за возрасни. Единственото објаснување зошто децата ги претвораат во уметнички израз е тоа што немаат почит кон децата. Злоупотребувањето и експлоатацијата на деца не е уметност или мода. Тоа е ѓаволско дело и претставува зло. Ништо од ова не е ново. Веќе долго сме сведоци на тоа во Холивуд, во забавната и модната индустрија. Само не обрнувавме доволно внимание, а оние што зборуваа за тоа беа игнорирани или наречени теоретичари на заговор“, напишала таа на својот профил.

Се огласи Ким Кардашијан откако кампањата на „Баленсијага“ го потресе светот: „Бев шокирана и огорчена“
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.