20 правила на однесување во спалната соба што секоја жена треба да ги научи: Ако не сте го направиле ова досега – време е!

Секс-совети

Ако сè уште не сте ја разоткриле својата сексуалност, сега е вистинското време да го направите тоа – усвојте ги овие 20 интимни правила

Ова се 20-те правила што секоја жена треба да ги усвои и примени во спалната соба:

1. Кажете му на партнерот што ве задоволува – колку и да се труди, тој не може да ви ги прочита мислите. Ако неговото однесување не ве возбудува, покажете му што да прави.

2. Престанете да глумите оргазам – ако продолжите да го правите тоа, никогаш нема да го доживеете.

3. Ако сакате да ви биде убаво, мора да се потрудите. Себичноста не е пожелна во спалната соба.

4. Немојте да си дозволите да бидете со некој што не ве става на прво место. Вистинскиот маж никогаш нема да го стави вашето задоволство на второ место.

5. Не плашете се да правите звуци. Многу е важно да ги искажете вашите чувства во спалната соба, но и надвор од неа.

6. Немојте веднаш да ги отпишувате љубовниците ако првиот пат не ви било убаво. За добар секс, потребно е вежбање, но и да се погоди моментот.

7. Ако мажот не сака да се обиде повторно – не го заслужува вашето време.

8. Прво и најважно правило во сексот е обострана согласност! Пред секој нов чекор во сексот, мора да ве праша дали смее да направи нешто.

9. Жените што редовно мастурбираат имаат многу подобар оргазам – научно докажано.

10. Мастурбацијата е пожелна додека љубовникот ве гледа – тоа нека биде предигра.

11. Придржувајте се до своите правила, но бидете отворени и за нови предлози. Никогаш не можете да знаете што ќе ви се допадне.

12. Не мора секогаш да се согласувате на интимни односи. Ако ве мрзи, едноставно не мора да имате секс.

13. Имате совршено тело. Без разлика дали градите ви се мали, задникот голем или обратно – совршени сте и не дозволувајте да ви каже некој нешто поинакво.

14. Мажите што мислат дека може да помине сексот без предигра, не се добри љубовници. Точка.

15. Не мора да чекате тој да иницира разговор за секс, можете и вие да го направите тоа.

16. Кога станува збор за сексот, тука нема простор за гадење. Сите сме возрасни.

17. Ако не сте сигурни дали сте доживеале оргазам, тогаш не сте доживеале.

18. Сè почнува од бакнежот – никогаш не заборавајте го тоа.

19. Сексот постои за да се забавувате – уживајте и не го избрзувајте моментот.

20. Никогаш не зборувајте наоколу за вашиот сексуален живот.

Сите секс-експерти се согласија околу ОВИЕ пет најважни секс-совети за жените!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.