Мустафа Надаревиќ за битката со болеста: „Уште сум во болница, не знам кога ќе излезам!“

Хоспитализиран е од крајот на март

Познатиот хрватски и босански актер Мустафа Надаревиќ во јануари годинава откри дека боледува од карцином на белите дробови.

Кога сфатив дека тоа е дел од животот, дека болеста е дел од животот, тогаш го прифатив. Кога прифаќате нешто со љубов, тогаш може да се победи оваа болест“, изјави актерот.

На 2 мај го прослави својот 77-от роденден, но, за жал, во болница.

Имено, кон крајот на март, Надаревиќ рече дека е во болница на испитување. Во петокот, актерот одговорил на повикот на порталот „Аваз“.

Сè уште сум во болница. Не знам кога ќе излезам. Не знам што друго да кажам за мојата состојба“.

Актерот отишол во Сараево на почетокот на март да снима нови епизоди од серијата „Луд, збунет, нормален“, која беше прекината поради пандемијата на коронавирусот. Потоа се вратил во Загреб.

Не размислувам да престанам да играм затоа што верувам во судбина. Само се плашам да не останам болен и да бидам нечиј товар и грижа. Имам страв од тоа. Смртта не е толку туѓа за мене, ужасна и незамислива е помислата некому да му бидеш товар. Не се плашам од заминување. Имам страв од ужасно заминување. Животот може да трае многу долго. Може да биде и краток. Затоа треба да се ужива во секој момент и да се искористи“, вели актерот.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.