Милица Тодоровиќ прележа корона, замина на одмор и сега се брка со делфини (ФОТО)
Премиера на „новото“ тело во бикини
Милица Тодоровиќ се најде во фокусот на вниманието на пошироката јавност поради прележувањето на потешка форма на ковид-19.
Имено, поп-пејачката три недели се бореше со температурата, која никако не можеа да ѝ ја симнат со лекарства, а изјави и дека чувствувала силни болки низ целото тело.
Сега е, фала му на Бога, добро, се чувствува здраво, а и успеа да го симне вишокот килограми со кој се бореше неколку месеци, па гордо позираше во бикини на јахтата со која плови по хрватското приморје.
А пловејќи така по Јадранско Море, се сретна и со делфини…
Фото и видео: Инстаграм