Милијардерот (66) на шокантен начин ја оставил жена му и ѝ понудил срамна спогодба: А сега планира дете со двојно помлада инфлуенсерка

Целиот свет зборува за ова

На Џон Полсон изгледа му цутат рози во љубовта

Американскиот милијардер и бизнисмен Џон Полсон буквално полудел по 32 години помладата инфлуенсерка и нутриционистка Алина де Алмеида. Иако сѐ уште води скапа бракоразводна парница со поранешната сопруга, веќе планира повторно да рипне во тавче.

Богаташот (66) ставил точка на љубовта со сопругата Џени минатата година, откако биле заедно повеќе од две децении. Многумина ги изненадил фактот што во тој момент веќе живеел со двојно помладата избраничка во својот луксузен стан на Петтата авенија.

Според странските медиуми, нивната врска станала многу сериозна, па се очекува дека оваа необична двојка наскоро и ќе ја официјализира. Инаку, Џон и Алина во ниту еден момент не ја криеле својата љубов, заедно се појавуваат на гала-настани и уживаат во скапи патувања.

„Тој сака да има бебе со мене и дефинитивно ќе се венчаме“, им кажала Алина на пријателите во доверба.


Од друга страна, поранешната жена на милијардерот дознала за нивниот развод од таблоидите!

„Го направи тоа на толку понижувачки начин поради неверојатната брзина со која започна неговата нова врска. Немаше претходно известување, ниту љубезност. Крајно непристојно и непочитување е тоа што не можеше да почека“, истакнал извор близок на Џени.

Во јули оваа година, Џени го тужела Џон за милијарда долари, тврдејќи дека воспоставил таен мрежен систем за да скрие пари од неа. Претходно ја одбила повеќемилионската спогодба што поранешниот сопруг ѝ ја понудил. Но Полсон изгледа дека не се вознемирува многу поради нејзините потези, туку ужива во среќата со Алина.

„За жал, нашиот брак не успеа. Разводите се чести, но тешки. Алина и јас сме многу среќни заедно. Би сакал и Џени да може да пронајде среќа“, заклучил богатиот бизнисмен.

Кога се омажила за стар милијардер, не претпоставувала дека тој ќе живее толку долго: Таа има 66, тој 91 година и сега се разведуваат!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.